(ВИДЕО) ДИК предлага трет избирачки список

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Трет избирачки список за спорните околу 40 илјади гласачи. Ова е предлогот кој Државната изборната комисија го стави на маса пред работните групи на партиите, на денешната трета заедничка средба која траеше речиси два часа, информира Телма.

dok
За СДСМ ова е новина за која претходно воопшто не се разговарало, ниту пак одговара на нивните барања.
Според Дамјан Манчевски, симптоматично е и тоа што ставовите на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во работната група, се различни од оние на партиските претсавници во ДИК.
-Претставниците на ДПМНЕ во ДИК имаат различен став од нивните политички преставници во работната група, и затоа е многу смешна целата ситуација, Се работи за небулозни предлози кои воопшто не ги адресираат проблемите во избирачкиот суписок и фактички оставаат статус кво со избирачкиот список. Доколку тоа е нивниот став и доколку стојат зад избирачкиот список, не беше потреба ни средба денес, ни преговори. Нека излезат, нека го кажат тоа јавно што го кажуваат нивните претставници во ДИК и нека одат на избори, изјави попретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе ги прифати предлозите на опозицијата, иако не гледа никаков проблем во избирачкиот список.
Според нив, се се сведува на купување време, смешен изговор и манипулација од страна на СДСМ, со цел пролонгирање на кризата.
-Има и некои аргументи кои се многу рационални од страна на повеќето претстаавници на политиите партии во ДИК и на членовите на ДИК, дека не смее да се оневозможи на кој било граѓанин, државјанин на РМ правото на глас. Но, еве, таква ситуација имаме во државата, такви би рекол сулуди барања коишто повеќе се базираат на желбата да се докаже дека за дека цело време она што го тврделе се во право, на крај го прифаќаме нивниот став за да докажеме дека не биле во право, вели Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст можете да го прочитате тука