ВИДЕО: Џорџ и Шарлот го „украдоа шоуто“ на Вимблдон со своите слатки реакции

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Британското кралско семејство синоќа на Вимблдон го следеше финалниот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон дојдоа со нивните две поголеми деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, додека малиот Луис останал дома.

За Шарлот ова е првпат на трибините на овој турнир, па не ја криеше возбудата, а таа и нејзиниот брат целосно го „украдоа шоуто“ со своите слатки реакции.

Најпрво беа насмеани, а како одминуваше натпреварот не можеа да ја сокријат возбудата и гестикулираа, скокаа и разговараа меѓу себе.

Во еден момент Шарлот ја вртеше и ја гризеше косата, додека Џорџ нервозно мафташе со рацете.

Малата принцеза подоцна почнала да се гушка со мајка си и да ѝ поставува прашања, што на многу корисници на Твитер им беше симпатично.

Слични содржини