(ВИДЕО) Добар апетит! Новинар си ја изеде статијата за Доналд Трамп

од desk3
102 прегледи

Коментаторот од “Вашингтон пост” Дејна Милбанк, го исполни ветувањето дадено пред една година во насловот на негова статија – дека ќе ја изеде целата страница на весникот, ако Доналд Трамп се покаже како кандидат на републиканците за Белата куќа.Вп четвртокот со помош на готвачот на ресторанот ” Дел Кампо “седна со шише вино” Трамп “во ресторанот на весникот и ја проголта страницата од бројот од 4-ти октомври, дистрибуирана во менито од 8 јадења. Ручекот заврши со кафе, филтрирано во парче хартија од весник.

20160514.wkmglflsaz

Друштво му правеше неговиот колега Том Сијтсима познат кулинарски критичар, соопшти Си Ен Ен. Милбанк се пошегува дека искуството не било толку лошо, како и она што се очекува во Америка во следните 6 месеци до изборите и евентуално четири години со претседател Доналд Трамп. Видеото од необичниот ручек беше гледано во живо од над 800 000 луѓе.