Инструкторката за фитнес од Мјанмар стана вирален хит на социјалните мрежи, бидејќи камерата што ја сними додека вежба го сними и моментот кога армијата на оваа азиска земја го окупираше парламентот.
Видеото кое кружи на социјалните мрежи покажува инструктор за фитнес кој вежбаше прилично мирно, додека во позадина се појавуваат теренски и блиндирани возила, кои минуваат кон парламентот.
Мјанмарската војска во понеделникот ја приведе и шефицата на партијата и де факто лидерот на државата, нобеловката Аунг Сан Су Кји, претседателот, водечките државни функционери, но и бројни активисти, интеектуалци, писатели и новинари.
Според многумина, токму ова видео најдобро го прикажува почетокот на гасењето на демократијата во Мјанмар и доаѓањето на власт на воената хунта.