Откако на социјалните мрежи почна да се шири видео од расправија меѓу неа и нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек (50), Џенифер Лопез (53) го објави видеото на социјалните мрежи и напиша: „Најубавото време го поминувам со сопругот“.
Со тој потег, Џеј Ло им порача на фановите и на другите корисници на социјалните мрежи дека таа и нејзиниот сопруг Бен се во совршена врска и дека она што сите го гледаа на малите екрани за време на доделувањето на Греми наградите всушност не е реален приказ на нивната врска.
Jennifer Lopez se ve que trae cortito a Ben Affleck ya me lo andaba puteando a media premiación 😂
Casi pude escuchar el
Ya ves te dije que … bla bla bla ahorita ni me hables Ben no quiero pelear no me hables te lo digo enserio pic.twitter.com/gvJeHLPYSt
— Danydrugs (@DanydrugSS) February 6, 2023
На видеото кое го објави може да се види како се подготвува за Греми, но и како се забавува и бакнува со сопругот пред камерите. За неколку часа објавата собра повеќе од 1,8 милиони лајкови, а пејачката и актерка собра бројни коментари.
Но, имаше и такви кои не веруваа во напишаните зборови на пејачката и ја критикуваа во коментарите.
„Зошто Бен цело време изгледа како да има болки?; Бен изгледа несреќно и досадно; Не изгледате среќно; Зошто не го оставаш дома? Се гледа дека не е за вакви настани“, пишува под објавата.