(ВИДЕО) Дојде ли времето за наплата: 1700 полицајци ги чуваат анти-исламките демонстрациите на “Пегида” во Келн

од desk3
98 прегледи

Околу 1.700 полицајци го обезбедуваа протестот на “Пегида” во Келн, информира Die Welt. На антимигрантскиот митинг веќе има над 1300 учесници, пренесува RT. Причината за организираниот птотест на антиимигрантското движење и десната екстремистичка партија “Про Келн” се серијата напади од сексуален карактер против жени на новогодишната ноќ. Приврзаниците на десничарите се собраа пред централната станица во градот, од каде стартуваше процесијата . На улиците на градот излегоа и контрадемонстранти. Од полицијата коментираат дека во Келн се чувствува “силно емотивна атмосфера”.

20160109.fiytossgpm

Околу 500 мигранти се обиделе да уапднат во неколку ноќни клубови во германскиот град Билефелд, соопшти уште Die Welt. Инцидентот се случил на новогодишната ноќ.

Првичните информации тогаш беа дека имало полесни судири меѓу полицијата и бегалци во градот. Изданието сепак истакнува дека причина за судирите бил обид на околу 500 мажи да влезат во ноќен клуб во градот.

Управата на клубот на неколку пати ја викнала полиција на помош. Потоа толпата да се разотиде, имало нови обиди за упад во други клубови на помали групи. Инцидентите се случиле во периодот од 23 часот навечер на 31-ви декември до 01:30 часот наутро на 1-ви јануари.

Околу 500 жени протестираа во Келн поради сексуалните напади

Die Welt се повикува на полицискиот билтен, во кој е наведено дека во едниот од клубовите исто имало сексуални напади врз жени слично на оние во Келн. Цитиран е и сведок, кој изјавил пред полицијата дека луѓето во клубовите биле принудени да се впуштат во физичко насилство, за да им помогнат на жените да избегаат.

Во извештајот е наведено уште дека агресијата и активностите на групите против полицијата била непредвидлива. Пред Die Welt полицијата не ја коментира содржината на извештајот, но потврдува дека добила неколку поплаки од жени дека биле предмет на сексуални напади.