Преку видео обраќање, утринава се огласија здравствените работници, кои бараат поддршка од граѓаните.
Во своето обраќање тие апелираат да се почитуваат мерките за да може да им се помогне и ним, кои како што велат во прв ред се веќе 9. месец во низа.
Исто така додаваат дека неуморно го даваат својот максимум во третманот и грижата за пациентите, а дека капацитетите на болниците се веќе преполнети, па динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива.
„ Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка“, порачуваат докторите.
Погледнете го нивното обраќање во продолжение: