Телевизиската серија “Досиејата X” (The X files) официјално се враќа за шест епизоди, соопшти The Verge, повикувајќи се на официјално соопштение на “Фокс”. Дејвид Духовни и Џилијан Андерсон ќе бидат повторно во дуото агенти на ФБИ Фокс Молдер и Дана Скали, кои ќе испитуваат паранормални феномени.
Серијата се емитуваше во 202 епизоди помеѓу 1993 година и 2002 година Има и два играни филма – едниот снимен во 1998 година како врска помеѓу сезони на серијата. Во 2008 година следеше втор игран филм.
Филмот, во режија на Крис Картер е со мотото: “Вистината е таму”, а саундтракот e една од најпопуларните современи филмски мелодии.
Во 2014 година, кога се навршија 20 години од формирањето на “Досиејата X”, сите главни актери изјавија желба да се сликаат во трет долгометражен филм. Сето тоа зависи од тоа дали 20th Century Fox ќе го финансира проектот, рече тогаш Духовни.