(ВИДЕО) Драма во Загреб, мајка влегла со детето во Сава, а потоа пријавила дека детето се удавило

од Milan1
38 прегледи

Во Загреб попладнево дека се случил инцидент во кој, според неофицијалните информации, жена влегла во реката Сава со своето дете, по што самата се јавила во полиција за да пријави дека детето се удавило. На жената ѝ е укажана лекарска помош, додека телото на детето го бараат стотици полицајци со дронови и чамци, соопшти полициската управа во Загреб.

Дел од медиумите објавија дека таа го фрлила детето во реката, но тоа се уште не е утврдено, како што не се знаат ни точните околности под кои се случил инцидентот, Од полицијата апелираа да не се објавуваат информации чијашто веродостојност полицијата се уште ја утврдува.

Според медиумите, детето по кое се трага е девојче на возраст од три или четири години. Локацијата до железничкиот мост на реката Сава, познат и како „Хендриксов мост“ од попладнево е окупирана од итните служби. Полицијата, пожарникарите, ХГСС и цивилната заштита се на терен.

Покрај интензивната потрага на копно, подигнат е и дрон со термална камера, додека неколку чамци ја пребаруваат реката.

 

Слични содржини