Владата на Мексико ќе го исполни барањето на САД за екстрадиција на наркобаронот Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо, пренесе Ројтерс. Роковите за екстрадиција уште се прецизираат.
Претставник на Владата појаснува дека тоа ќе помогне за спречување на евентуално бегството на Гусман од затвор. Експертите сметаат дека со неговата екстрадиција државата Мскико признава дека не може да го подеди наркобаронот на конвенционален начин, држејќи го во затвор.
Хоакин Гусман бил фатен на 8 јануари од мексиканските власти по шест месеци гонење. Првично при спроведената во петокот операција Гусман избегал преку одводен канал, но потоа бил фатен кога се обидел да избега со автомобил.

Гусман има во својата биографија две бегства од затвор.
На 11 јули минатата година најголемиот мексикански наркобарон избега од строго обезбедуваниот затвор Алтиплано, откако одлежа таму 17 месеци. Тој се измолкна преку дупка во вецето на неговата ќелија, по претходно ископани 1,5 километри тунел го очекуваше мотоцикл, монтиран на шини.
Тој помина 12 години зад решетки, кога во 2001 година избега од издржувањето на 20-годишна казна во друг строг затвор. Неговото апсење во 2014 година беше сметано за голем успех на претседателот на земјата во неговата борба со наркокартелите.