Во Техеран и другите градови во Иран, десетта ноќ по ред продолжуваат антивладините протести и покрај официјалните предупредувања дека и онака смртоносната полициска акција врз демонстрантите ќе се интензивира.
Зголемениот гнев поради смртта на 22-годишната Махса Амини овој месец, исто така, предизвика демонстрации пред иранските амбасади ширум светот, вклучително и во Лондон и Париз, каде француската полиција употреби солзавец и тактики за немири за да спречи марш на стотици луѓе на иранскиот дипломатски комплекс. Пет лица се приведени во Лондон.
Претходно, шефот на правдата на Иран вети дека ќе дејствува „без попустливост“ во смртоносното задушување на демонстрациите низ земјата, кои влегуваат во својата втора недела, по смртта на младата Иранка која претходно беше уапсена поради кршење на правилата за хиџаб.
Според официјалните бројки, досега во немирите загинало 41 лице, но групите за човекови права и други набљудувачи сугерираат дека бројот е веројатно поголем бидејќи протестите се проширија во најмалку 80 градови и населени места.
Две девојки објавија видео од познатата италијанска песна „Bella Ciao“ и ја преработија на персиски, сето тоа во знак на поддршка на жените на протестите.
"Bella Ciao" en persa, les veus de Behin i Samin Bolouri
#IranProtests pic.twitter.com/FqjSggGTHu— Books (@OnaBooks) September 24, 2022