Мачор, роден без две предни шепи, стана ѕвезда на Instagram.
Мачорот се вика Лил` Бани Сју Ру (зајчето Сју Ру). Сопственичката Џеки Дик Ејки го земала од засолниште во октомври 2014 година, кога животинче било штотуку родено.
“Додека растеше, Ру брзо се адаптираше кон вродената инвалидност. Научи да се придвижува, и тоа брзо. Ги користи задните нозе како некој зајак или како кенгур”, раскажува сопственичката на Мачорот. Тој сепак ќе мора да размислува за протези. Според ветеринарот заради постојаното скокање на задните нозе Ру може да добие оштетување на внатрешните органи.
Видеото од мачето можете да го погледнете ТУКА.