Актерот Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд снимија видео извинување до Владата на Австралија, откако лани во мај беа обвинети за „кршење на биосигурноста“ на земјата.

Деп и Херд беа обвинети дека во Австралија ги „прошверцувале“ нивните две кучиња, за што сега заработија казна од 1.000 австралиски долари.
Снименото видео беше прикажано пред изрекувањето на казната.
– Во Австрлаија нема многу болести и зарази кои се вообичаени ширум светот. Тоа се должи на фактот што Австралија има строги закони за биосигурност, објаснуав Амбер во видеото.
– Австралијците се единствени, топли и директни. Кога не ги почитувате нивните закони, тие тоа јасно ќе ви го кажат, додава Деп