Ѕвездата од филмската серија “Пиратите од Карибите” Џони Деп изненади деца, пациенти во австралиска болница.
Актерот ги израдува децата и стана вистинска сензација на интернет. Видеото кое ја покажува појавата на Џек Спароу, се врти на социјалните мрежи и собира куп допаѓања и позитивни коментари.
Во моментов 52-годишниот Џони е во Австралија, за да го снима последниот дел од “Пиратите од Карибите”. Во вторникот тој се појавил во болницаат „Lady Cilento Children“ во Бризбејн, облечен токму како својот лик во филмот.
Реакцијата на болните деца и среќата во нивните очи ги трогна илјадници луѓе од целиот свет кои ја пофалија постапката на Деп.
“Тој остана доволно долго за да се увери дека поразговарал со секое дете” , изјавила Рејчел Бенет – мајката на 7-годишниот Макс, кој страда од ретко невролошко заболување наречено трансверзален миелин.
За спомен од средбата Џони им раздал на децата во болницата златници со изгравирани пиратски глави.
Од медицинската установа споделија дека актерот не сакал неговата посета да биде објавена во медиумите, но како што знаеме речиси ништо не може да остане скриено од социјалните мрежи.