(ВИДЕО) Еден пилот загина по пад на хеликоптер на аеромитинг во Русија

од desk3
87 прегледи

 

Руски воен хеликоптере Ми-28Н се сруши на аеромитингот во градот Рјзан во текот на акробатски лет изведен во рамки на првите Меѓународни воени игри во Русија. Едниот пилот успеа да се катапултира, додека за другиот се уште се трага.
Во текот на изведување на актобатска точка, хеликоптерот кој припаѓа на акробатската група „Беркути“(Златни орли) неочекувано ја изгуби контролата и почна да ја губи висината.

Леталото падна во шума недалеку од аеродромот и по ударот во земја се запали. Пожарникарите брзо пристигнаа на местото на несреќата и го изгасија пожарот.

Засега нема официјални информации за тоа дали двата пилоти ја прижевале несќреата, а прелиминарните извештаи укажуваат дека едниот пилот успеал да се спаси.