(ВИДЕО) Ексклузивно од војната: Русија ги уништува нафтените складишта на “Исламска држава”!

од desk3
92 прегледи

Руското Министерство за одбрана објави снимки од уништувањето на откриени нафтени складишта на “Исламска држава” во провинцијата Хама во Сирија. Нападите на авијацијата се безмилосни, информира воениот ТВ канал “Ѕвезда”.

20160201.jbdkplshsh

Според ген. Игор Конашенков ударите ги намалија потенцијалот на терористичката група.На брифингот ген. Конашенков истакна и значителното намалување на финансиските приходи од нелегалната продажба на нафта во Турција.

За минатата недела руските авиони уништиле 1354 стратешки важни објекти на “Исламска држава” во провинциите Алепо, Латакија, Хомс, Хама, Дамаск, Ракка, Дера и Дејр Ез-Зор.