Курдско-арапскиот сојуз го потврди почетокот на голема офанзива насочена северно од бастионите на “Исламска држава” – град Ракка. “Со учество на сите сојузи на Сириските демократски сили ние ја започнуваме оваа операција за ослободување на северниот дел на Ракка”, третата по големина провинција во Сирија, пишува на социјалната мрежа “Твитер” курдски командант, цитиран од АФП. Нападите ќе бидат поддржани во воздух од меѓународната коалиција против “Исламска држава”, предводена од САД. “Сириските демократски сили почнаа операција за чистење на северната провинција, за да се изврши притисок против Ракка”, коментира американски функционер од Багдад.
Американските војници ќе извршат воздушни напади во поддршка на Сириските демократски сили, од кои некои се обучени и опремени од САД. Не станува јасно само кога ќе се одрѓи нападот над Ракка.
Специјалистот за геополитика Патрик Хенингсон појаснува пред RT дека фактички може да се зборува за две курдски групи кои се борат против терористите во Сирија. Едната од нив е во северозападниот дел на земјата и соработува со Русија. Формации на другата се базирани во близина на границата со Турција. Со овие единици работат САД.

“Постојат знаци дека САД настојуваат да ги контролираат излезот на борбите за Ракот. Истовремено, тие продолжуваат да ги игнорираат активностите на Сириската арапска армија. Очигледно е дека САД се заинтересирани за одреден излез од ситуацијата во Ракка која ќе доведе до поделба на Сирија “, смета геополитичкиот експерт.
Тој споделува скептицизам дека САД ќе ја прифатат понудата на Сергеј Лавров за заеднички активности против терористите при офанзивата во провинцијата Ракка.
Во оваа ситуација рускиот министер Сергеј Шојгу изјави дека “ни останува правото од 25 мај да вршиме еднострани удри по единиците на меѓународните терористички организации и нелегалните вооружени групи кои не се приклучиле на примирјето”.