
Постигнувањето на договорот меѓу преговарачките страни е добар показател за одржување на фер избори во декември, но и натаму многу работи остануваат неразјаснети оценуваат дел од аналитичарите за 24Вести.
Универзитетскиот професор Јове Кекеновски вели дека остануваат отворени прашањата околу регулацијата на медиумите, судството и администрацијата, а дополнителна конфузија вели е и новото именување на функционерите во МВР кое сега ќе го раководат двете партии .
И мислењата на граѓаните околу престојните избори се поделени. Дел од нив не се оптимисти дека тие ќе бидат фер и демократски, но дел пак очекуваат дека во декември ќе има демократска атмосфера, а изборите ќе бидат регуларни.
Целиот текст можете да го прочитате тука