Експлозија се слушна на познатиот туристички остров Тенерифе, а неколку минути подоцна падна цела зграда. Според првичните информации, внатре имало три лица, пренесува “Индипендент”.

Инцидентот се случил во градчето Арон. Во оваа несреќа двајца се повредени, а 8 лица се под урнатините на конструкцијата.
Најверојатно станува збор за истекување на гас. Локалните жители изјавија дека пред експлозијата почувствувале мирис на гас . Зградата се срушила во 9.30 часот, по локално време.
Од безбедносни причини полицијата ги евакуира луѓето од околните згради. На местото има полициски и лекарски екипи.
Во социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот. На нив се гледа како локални жители се движат забрзано по улиците, кои се покриени со прав и густ чад.
https://youtu.be/rVaFAmXQH78