(ВИДЕО) Експлозија во близина на џамија во Ингушетија, целта најверојатно бил имам

од desk3
76 прегледи

Експлозија избувна крај џамијата во градот Назран, во руската република Ингушетија. Експлозијата најверојатно е атентат врз имам, пренесе ТАСС, повикувајќи се на извор од органите на прогонот.

Пред тоа беше соопштено дека поради експлозијата имамот Хамза Чумаков добил полесни повреди. Кога по петочната молитва тој се движел со возилото, бомба сместена во друг автомобил се активирала.

Russia-At-least-two-injured-in-blast-outside-mosque-in-Nazran
Според некои податоци еден 56-годишен маж, кој минувал крај местото на експлозијата, бил тешко повреден и е на реанимација.

Бомбата била со моќност пет килограми тротилов еквивалент. Во експлозијата биле оштетени уште неколку возила и биле нанесени штети на куќа во соседството.
Во септември 2010 година против Чумаков имало друг напад, исто во Назран. Автомобилот со кој патувал, се разнел и имамот се здобил со тешки повреди. По лекување во Москва се вратил во Ингушетија и повторно се зафатил со религиозните дела, потсети ТАСС.