Српскиот ас Новак Ѓоковиќ го совлада Роман Сафиулин со 2:0 во сетови (6:1, 6:2) на стартот на Мастерсот во Монте Карло. Кога стапна на теренот, Ѓоковиќ стигна до 129тиот настап во главната ждрепка на Мастерсот во кариерата.
Го држи рекордот по бројот на освоени мастерс титули во кариерата (40), а во Монте Карло може да стане единствениот играч кој барем трипати го освоил секој Мастерс.
Новак веднаш по победата беше фатен на интересно место, во друштво на Ненад Зимоњиќ – неговиот нов тренер.
Новак и Зимоњиќ беа снимени од камерата на мечот меѓу Гаел Монфис и Александар Вукиќ, при резултат 4:1 во третиот сет за натурализираниот Австралиец, како разговараат и веројатно „се договориле“ за продолжението на натпреварувањето.
Зимоњиќ овој ден ќе го памети и по тоа што првпат седна во ложата на Новак како тренер иако се уште чека официјално да биде промовиран, а Ноле веќе успеа и да го крене гласот на својот нов тренер.
Nole and Nenad talking and watching Gael vs Vukic 🥰pic.twitter.com/H4c39QkknV
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) April 9, 2024