Елена Бимбиловска просто го остави срцето на сцената во изведбата на мегахитот на Сиа, „Alive“. Таа мајсторски ја изведе песната од изведувачката која е меѓу најдобрите вокали на денешницата.
Заслужено 15 годишната стружанка, ги доби сите 5 столици за следниот круг во натпреварувањето Пинкови ѕвездички и жирито ѝ се дигна на нозе во аплауз.
„Немам зборови, баш енергија зрачеше од тебе. Имаше некои нешта кои ги забележав, како да не е тоа, но потоа ме засенуваш со тоа пукање…Ги имаше сите оружја, баш не уби, позитивно, “ заклучи Хари.
„Магично. Си го разбрала целиот концепт, тоа мене ме фасцинираше. Се трудеше да звучиш како Сиа, а сепак имаше доста од себе. И она што мене ми се моташе во глава: Еве ја новата Калиопи. Конечно нова Калиопи.И ти ја имаш способноста да пееш оперска арија и ова, што би рекле некои, дерење на гласот, раздирање на вокалот. Спектакл“ ја пофали Леонтина.
(ВИДЕО) Мартија Станојковиќ со најоригиналната изведба на Đelem đelem што сте ја слушнале
„Сјајна си. Мене најмногу ми се допадна оној полу-рап дел. Тоа е печат на оваа песна. Имаше сјајна енергија. Си разбрала за што е оваа песна.“ рече Гоца.
Милан, пак, порача: „Мислам дека не доби доволно пофалби. Прво пофалба за изборот на пејачката, зашто во моментов е врвна. Второ пофалба за песната. Трето, пофалба за тоа што изведе нешто што преку 90 посто од денешните пејачки не можат да го изведат. Да се пее со толку метрика, да се скока толку интонациски, и толку да ти пука гласот и да се раздлеуваш со животот како што тоа го прави Сиа. Тоа веќе не се убави тонови, туку умешност за што треба голема пејачка зрелост. Одвај чекам да те видам во суперфиналето“.
„Ме воодушеви. И таман кога помислив минатата емисија дека тоа е твојот стил, ти денеска ме демантираше. Толку си раскошна, толку ти е огромен талентот што мислам дека следната емисија ќе можеш нешто друго да ни покажеш. Секоја чест,“ рече Јелена.