Македонија оваа година навистина може да се гордее со трите свои претставнички на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“. Со Елена Бимбиловска се комплетираше тројката од Македонки кои секоја емисија со сите 5 гласа од жирито директно се пласираат во следниот круг, овој пат седмата фаза од шоуто.
15 годишната Елена најпрвин се претстави со песната „Косава“ на Јелена, за потоа да импресионира со неверојатната изведба на песната “Time to say goodbye“ во оперски стил.
Стружанката ги доби сите гласови и овации од жирито и публиката.
„Ти си спектакуларна!“ ѝ рече Гоца.
„Ти си права оперска дива!” порача Јелена.
„Импресивно, баш се наежив. Ова не е опера туку софт поп. Ти заблеска.” ѝ рече Хари.
https://www.youtube.com/watch?v=lC7eNmSHbZQ