Македонските претставнички на овогодинешната сезона на натпреварот во пеење „Пинкови ѕвездички“ просто воодушевуваат со своите настапи и една по една, со секој настап, директно влегуваат во сè потесните следни кругови на шоуто.Elena-Bimbilovska-Molitva

Елена Бимбиловска од Струга ги доби повторно сите 5 столици од жирито и директно влезе во петтиот круг од натпреварот. Таа овој пат ја испеа евровизиската песна „Молитва“, не пропуштајќи да го “удри“ својот оригинален печат на изведбата.

Жирито ѝ порача дека неспорно е врвна и совршена пејачка, со неверојатен глас и дека при изведбите на сите хитови со својот глас умее да ги испее на каков начин и да посака, а притоа тоа секогаш да звучи дека таа баш така сакала.

Слични содржини