(ВИДЕО) Емилиа Кларк порача „очекувајте помалку луѓе“ во седмата сезона на “Игра на тронови“

од Vladimir Zorba
80 прегледи

„Игра на тронови“ имаше голема вечер на последното издание на наградите „Еми“, добивајќи три награди – најдобра драма серија, најдобра режија и најдобро сценарио.landscape-1474300374-hbz-emilia

Емилиа Кларк беше номинирана за најдобра споредна улога во драма (по трет пат) за нејзината улога како мајката на змејовите Даенерис Таргеријан. На црвениот тепих додека позираше таа откри и неколку детали за претстојната седма сезона.

Актерката ги потврди претходните твитови на Мејзи Вилијамс за сезоната, во кои се вели „Ништо нема да ве подготви за ова“. Кларк кажа пред камерите:

„Смешно е. Ако кој било дојде барем на еден ден на сетот, ќе биде спојлер. Секој збор е спојлер“. Кларк исто така загарантира “епска“ битка, дури и поголема од минатосезонската Битка на копилиња: