Еуроњуз објави видео за хаосот на Железничката станица во Гевгелија каде илјадници бегалци секојдневно се обидуваат да се качат на премалиот број вагони наменети за транспорт до Србија, од каде се упатуваат до земјите од Европската унија.
Превод на турската репортажа за Еуроњуз не е потребен. Доволен е очајот на луѓето, турканиците, разделените семејства, децата кои се подаваат низ прозор, солзи за тортурите низ кои минуваат …
81