Аматерско видео покажува апсењето на еден од петмината мажи, приведени во полициска акција во Андерлехт под сомнение за соучесништво во терористичките напади. Се претпоставува дека соборениот на земјата маж е самиот Мохамед Абрил – Ееден од извршителите на бомбашкиот напад на аеродромот “Завентем”, но оваа информација не може да биде потврдена целосно, соопштува Би-Би Си.

Мохамед Абрил му помагал на парискиот бомбаш Салах Абдеслам за нападите од 13 ноември минатата година. Покрај тоа, тој учествувал во изработката на бомбите за аеродромот “Завентем” во Брисел, каде имаше експлозии на 22 март. Се смета дека Абрил е единствениот преживеан напаѓач од аеродромот, кадри од безбедносни камери како бута количка со багаж пред експлозијата помогнаа за неговото идентификување.
Меѓу останатите петмина приведени вчера беше и Осама Крајем. Тој бил снимен од безбедносни камери со куфер на метро станица во Брисел. Куферот бил сличен на оној кој носел саамоубиецот Хали дал-Бакрауи. Крајем е пресретнат и во продавница каде што ги купил чантите кои се користат за нападот по бриселското метро.
Денеска беше фатен и шести соучесник во нападите. Тоа е Билал ел Махухи. Тој беше осуден во 2015 година на пет години затвор во процесот против членови на терористичката група “Шери за Белгија”, но бил ослободен порано.
Во моментов во бриселскиот кварт “Етербек” тече полициска операција. Отцепен е станбен блок, во кој влегоа специјалците.