Британски џихадист, отишол во Сирија за да се тепа на земјата на “Исламска држава”, беше снимен со камера како се обидува со трик да врбува малолетно девојче во редовите на екстремистите и да стане негова жена.
Во Екстремно подлите разговори мажот се претставува со лажното име Абу Антара и дава детални инструкции на девојката, за што таа верува дека е на 15 години, како да избега од своето семејство.Исламистот ја подучва девојката што всушност е прикриен новинар , да каже на родителите дека ќе оди да преспие кај пријателка, но наместо тоа да се впушти во опасно патување до регионот на Блискиот Исток, окупиран од екстремистите. Антара се обидува да придобие девојката помалку од една недела преку разговори во Скајп и пораки на интернет. Во еден момент исамистотт и реколџихадистот е родум од Лондон и неговото вистинско име е Ахмед Кантер. Тој е роден во Сомалија. Дошол во Велика Британија, кога бил на 6 години, и израснал во предградие на западен Лондон. Пред да отпатува за Ракка, тој живеел во општинско живеалиште со својата мајка, сестра и тројцата браќа. Кантер работел како сметководител. За да го улови џихадисот, новинарот на канадската телевизија Global News network, која не сака да биде идентификувана, си направила лажен профил на 15-годишно девојче. Нејзината цел била да види колку внимание ќе привлече кон себе од џихадисти во Сирија. Само неколку часа подоцна таа била бомбардирани со пораки Кантер бил еден од првите кој се поврзани со неа. Двајцата се согласиле да зборуваат очи во очи со енкрипција на интернет сервис Кик.Таму Кантер и ја побарал раката на девојката. Тогаш разговорот им се преселил на Скајп. Таму ислмистот и дал детален инструкции на девојката како да дојде од Алберт до него. Девојката требало прво да фати авион до германскиот град Франкфурт. Од таму требало да се качи на лет за Истанбул.
“Во моментов, во кој ќе слетала во Истанбул, тој веќе ќе средил сè. Најмногу се грижам како ќе стигнеш до Истанбул, без твоите да откачат, ти текнуе “, вели исламистт. Тој исто и советувал таа да носи со себе само западни облека, за да не предизвикува сомневања, како и да се презентира за туристка . Во Истанбул требало да ја чека човек кој треба да ја однесе до сириската граница, каде двајцата требало да се состанат. Кога жената го прашала, што друго треба да се земе со себе, Кантер и рекол: “Може да земеш малку пари со себе си. Убаво е да имаш нешто пари, во случај да ти требаат. Знаеш што се случува. Ако сакаш, јас ќе ти купам пиштол за да се заштитиме. Тука жените носат пиштоли, носат минирани со експлозиви појаси. Секогаш имаш непријатели “.