(ВИДЕО) Евровизиската “Lost and found” во акустична верзија

од Vladimir Zorba
132 прегледи

По лавината позитивни коментари за евровизиската песна со која Ај Кју ќе ја претстават Македонија годинава, остана само прашањето како ќе звучи изведбата во живо. Но, Ај Кју затоа одлучија да снимат акустична верзија од песната и да ја објават на Јутјуб. За квалитетот зборува фактот што најчестиот коментар непосредно по објавувањето на клипот содржеше барање да биде овозможено преземање на аудио верзијата на Спотифај.