(ВИДЕО) Еye Cue промовираа нов спот и песна на српски јазик „Најбоља“

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Вечерва пред само половина час македонскиот состав Eye Cue на каналите MTV Serbia, MTV Hrvatska и MTV Slovenia промотивно го емитуваше видео спотот за својот најнов потенцијален хит „Најбоља“.14789409802

Песната е дел од нивниот нов, трет по ред, албум кој ќе биде промовиран во првата половина на следната година.

„Најбоља“ е дело на фронтменот на бендот Бојан Трајковски, во соработка со Кристина Арнаудова. Спотот е изработен од Горила Продукција.

Песната е отпеана на српски јазик со што очигледно бендот сака да се доближи до целата публика од регионот, а со оглед на фактот дека синглот ја доживеа премиерата на МТВ, веројатно составот е на добар пат кон успех.