На половина изведба на песната “All I Ask” на Адел за време на концерт во Бирмингам, Англија во саботата сиот звук-од нејзиниот миркофон, до пијаното -се исклучи комплетно.
Но, во непријатниот момент фановите веднаш излегоа во пресрет и сосема незабележливо песната продолжи да тече во хорска изведба на целата публика. По неколку секунди звукот повторно се враќа и Адел продолжува со маестралното исполнување, како воопшто да не настанал технички проблем.