Шефови на мафијата беа заробени во подземен бункер во кој се криеле од години. Полицијата во италијанската провинција Калабрија открила двајца од најбараните мафијаши во скривница, ископана во рид во шумскаа област.
Бункерот бил полн со оружје и експлозиви. Условите во кои живееле Џузепе Фераро и Џузепе Креа, биле исклучително лоши. Подот и ѕидовите биле од дрво, немало греење.
Сепак двајцата продолжиле со криминалните активности и издавале наредби од бункерот. Уапсените мафијаши се меѓу шефовите на калабриската мафија Ндрангета, која контролира голем дел од трговијата со дрога во Европа. Фераро е со доживотна казна затвор, а Креа е осуден на 22 години затвор.
