(ВИДЕО+ФОТО) Трагедија во Норвешка: Воз излета од шините, еден загинат и шестмина повредени

од Илинка Илиоска
12 прегледи

Најмалку еден човек загина, а шестмина се повредени кога воз што се движел по северниот брег на Норвешка, излетал од шините.

Според информациите, во возот имало меѓу 50 и 90 луѓе. Возот излета од шините во близина на Боде, северно од Арктичкиот круг, пренесува АП.

Железничката компанија „СЈ“ соопшти дека се продадени 90 билети, но во моментов не може да се каже колку патници имало во возот. На фотографиите објавени во норвешките медиуми се гледа локомотивата и најмалку два превртени вагони.

Слични содржини