Активистки коишто демонстрираат против климатски промени во петокот со супа од лименка ја полеаја славната слика „Сончогледи“ на холандскиот мајстор Винсент Ван Гог изложена во лондонската Национална галерија, објави активистичката група „ Just Stop Oil“.
Станува збор за една од петте верзии на славното масло на платно на Ван Гог, колку што се изложени во музеите и галериите ширум светот.
„Полицијата утрово брзо дојде на местото на настанот во Националната галерија по јавувањето за тоа дека две припаднички на групата ‘Just Stop Oil’ ја полеале сликата со супа од лимeнка а потоа со дланките се залепиле за ѕидот под сликата“, објави лондонската полиција на Twitter.
Вредноста на делото на Ван Гог, којашто ја насликал во 1888 година, се проценува во моментов на 84,2 милиони долари.