(ВИДЕО) Фронтовска репортажа: Сириските пилоти ги удираат терористите од ИД со советски “маашукати”

од desk3
87 прегледи

Специјалниот дописник на LiveNews Олег Сидjaкин посетил една од авиобазите на сириските ВВС и раскажува со какви авиони летаат и како војуваат со терористите од “Исламска држава” локалните пилоти.
ВВС на Сирија имаат во вооружување претежно ловци од советско производство Миг-21 и Миг-23. Овие авиони-ветерани првично биле наменети за воздухшна борба против ловци, но сега извршуваат функции на фронтовски бомбардери. Еден од пилотите, полковник Ибрахим, тврди дека авионите, макар и застарени, не ги изгубиле боречките квалитети. Тој го нарекува својот борбен авиом “маашукати”, што во превод од арапски означува “омилен”.

20151107.ulqrohpopc
“Авионот е силен, здрав и сигурен, моќен и убав. испшолнува сè што пилот побара од него. Работиме на средни височини – до 6000 метри, во сите временски услови”, објаснува пилот.

“Нашата авиобаза е во постојана борбена готовност, дење и ноќе исполнуваме борбени задачи. Податоците ги добиваме од повисокото раководство и пилотите се натпреваруваат кој прв да полета. Главните цели се базите и конвоите на терористите.”

Бомбите кои ги фрлаат лобците се аналог на руските ОФАБ-250. Се произведуваат во сириски фабрики и веднаш се испраќаат во авиобазата. За да скрата на пари и време дури не ги бојадисуваат.

Секој ден авионите вршат по 4-5 бојни активности. Пред тоа разузнавачките податоци и правците се координираат со командата на авиогрупата на Воено-вселенските сили на Русија, што се наоѓа на аеродромот во Хмејмим, на стотици километри од сириската авиобаза.