
На 29 јули со свечено сечење лента премиерот Димитриев го означи крајот на изградбата на делницата Клечовце – Штип од магистралниот гасовод.
24 дена подоцна, владата донела одлука токму за овој крак, од државниот буџет да издвои дополнителни 2,38 милиони евра, информира Телма.
Според измените на годишната програма објавени во Службен весник пред два дена, се зголемуваат износите на речиси сите ставки за изградба на делницата,за изградба на отпремна и седум блок станици и ставката за надзор.
Објавените измени се веќе на сила но од владата нема никакво објаснување зошто сумата од 304 милиони денари се зголемува на 450 милиони денари, речиси само еден месец откако делницата е завршена.
Одговори побаравме и од носителот на проектот Македонски енергетски ресурси во сопствениост на државата. Ги прашавме зошто средствата од буџетот за изградба на веќе завршениот прв дел од гасоводот, од 4,94 мил. се зголемуваат на 7,32 мил. евра,од каде се обезбедени парите и дали се зголемува вкупната сума на чинење на гасоводната мрежа но одговори денеска не добивме.
Целиот текст можете да го прочитате тука