Еден од патниците, кој бил на траект кој во петокот се запали во близина на Грција, е безбеден и во добра здравствена состојба.
Засега единствено е познато дека преживеаниот млад човек е по потекло од Белорусија и дека е пронајден во раните утрински часови на левата задна страна на бродот, пренесува АП.
Уште 11 лица се водат како исчезнати. Исчезнатите патници се од Бугарија, Грција, Турција и Литванија, соопшти грчката крајбрежна стража.
Да потсетиме, траектот што пловел од Грција кон Италија се запали во петокот.
Облаци од чад продолжија да лебдат над траектот со италијанско знаме, како што е прикажано на снимката на грчката државна телевизија.
Во петокот, кога избувна пожарот, на бродот имало 241 патник и 51 член на екипажот, а спасувачките бродови ги префрлиле повеќето од нив на островот Крф.