Гојко Мијалица од хрватскиот град Шибеник има посебна врска со еден лебед, кој го следи насекаде и не сака ништо да прави без да биде покрај Гојко.
Необичното пријателство започнало во мај годинава, кога лебедот самиот дошол пред вратата на човекот со скршено крило, барајќи помош. Оттогаш, тие заедно секој ден одат до морето за лебедот по име „Мали“ да се избања, а потоа дома се враќа самиот, како атракција низ улиците на шибеничката населба Јадрија.
Гојко се обидел да се грижи за лебедот во неговиот дом, но на препорака на ветеринар, се согласил повреденото крило на птицата да се ампутира.
„Мислам дека тој разбра… и дека се однесуваше во склад со својата ситуација. Јас него немам намера да го оставам, а верувам ни тој мене“, вели Гојко Мијалица во видеоприказната на „Вечерњи лист“.