📽 Путин лета со „белиот лебед“, најголемиот суперсоничен авион во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на пистата на фабриката за авиони „С.П. Горбунова“ во Казан, каде ќе се качи на модернизираниот стратешки ракетен носач Ту-160М.

Летот на Путин со авионот кој го нарекуваат „белиот лебед“ ќе трае 40 минути. На прашањето за рутата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори дека тоа е воена тајна, пренесува РИА Новости.

Ту-160М е модернизирана верзија на авионот Ту-160, наменет за погодување на важни цели со нуклеарно и конвенционално оружје, додава „Спутник“.

Тоа е најголемиот суперсоничен авион во историјата на воената авијација и најтешкиот борбен авион во светот.

Слични содржини