(ВИДЕО) Голема победа на ирачките сили: Фалуџа ослободена од џихадистите на ИД, битката е завршена!

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Ирачките сили ја осовоија последната област на Фалуџа која ја држеа борците на Исламската држава, а командантот на операцијата објави крај на борбата за стратешки важниот град.

iracka-vojska-faludza-foto-printscreen-yt-1466933148-937265

Премиерот Хајдер ал Абади прогласи победа над ИД во Фалуџа уште пред една недела, но борбите продолжија во градот, вклучувајќи го т.н. Голански кварт.

“Од градот од ова место објавиме дека централниот дел од Голснакиот кварт е исчистен, ослободен од терористите и да се пренесе на ирачкиот народ среќната вест дека битката за Фалуџа е завршена”, рече генерал Абдул Вахаб ал Мапа на националната телевизија.

Најмалку 1.800 милитанти се убиени во операцијата за преземање на Фалуџа, рече тој, а на ирачките сили во четири неделната офанзива им помогнаа експерти од САД.

 

https://youtu.be/sJ-9Y6JG1tw

Според проценките на ОН, во градот има евакуирани повеќе од 82.000 цивили, а 25.000 повеќе може да се наоѓа во бегство. На бегалците од Фалуџа им е забрането да влезат во Багдад, кој се наоѓа на само 60 километри.
Голем број Ирачани овог град веруваат е центар на сунитскиот бунт и секој кој се наоѓа таму во моментот на нападот се гледа како поддржувач на исламската држава.

Низ целата земја, раселени повеќе од 3,4 милиони луѓе.