(ВИДЕО) Големи поплави на Кефалонија и Закинтос

од Milan1
71 прегледи

Грчките острови Кефалонија и Закинтос, се зафатени од силно невреме. На патиштата имаше одрони, тони кал ги покрија улиците, а родители со деца останаа заробени во автомобилите поради што требаше пожарникарите да интервенираат за да ги спасат.

Невремето сериозно ги оштети патиштата на релација Порос – Скала, особено мостот на раскрсницата Венетико во Трапезаки, како и областите Ператата, Калигата – Домата и Омала на патот Фагија. Во Ператати, во областа на манастирот Агиос Андреас Милапидија, обилните врнежи предизвикаа излевање на поток, што доведе до сериозни оштетувања. Пожарникарите се повикани да испумпуваат вода од домовите и другите објекти во погодените области.

„Предупредување поради опасни временски појави од денеска до следните 24 часа. Ограничете го движењето и следете ги упатствата на надлежните органи“, се вели во предупредувањето на грчките власти.

Слични содржини