Големо невреме проследено со силен град, дожд, ветер и грмежи ја зафати Струмица.
Локалните медиуми јавуваат за голема материјална штета на посевите. Оштетени се големи земјоделски површини со различни производи.
Фото: strumicadenes.mk
Земјоделците од повеќе населени места апелираат и ги молат надлежните веднаш во текот на денешниот да бидат посетени и штетите да бидат надоместени. Според првичните сознанија најмногу штета е направена во селото Сачево.
Од УХМР информираат дека се очекува дека и во текот на целиот викенд да преовладува слично време пропратено со поројни дождови.
Фото: strumicadenes.mk