(ВИДЕО) Ѓорчев вмеша и деца во политика: Не се губи Вмровската компонента во Македонија, има 800 илјади Вмровци сосе деца

од Vladimir Zorba
77 прегледи

timthumb-9

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во улога на претседател на Комисијата за политички систем држеше партиски говор пред пратениците. Освен обвинувањата дека Катица Јанева е партиски кадар на СДСМ, според него, она што опозицијата го нарекува злосторничко здружување се 500 илјади гласови, информира Телма.

– Вмровската компонента е 500 илјади гласови, а сосе деца е 800 илјади граѓани, така што, почитувани господо од СДСМ, 800 илјади луѓе не можете да прескокнете. Таа Вмровска компонента во континуитет го поразува СДСМ, рече Ѓорчев.

Тој обвини дека новата уредничка на првата програма на Јавниот сервис, Санта Аргирова е партиски кадар, исто како што, според него, била претходно Лидија Димова и дел од кадрите на опозицијата.

Целиот текст можете да го прочитате тука