(ВИДЕО) Гордана Дувњак и Беким Кадриу во „360 степени“

од Vladimir Zorba

sto

Ви го пренесуваме вчерашното издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М каде тема беше – „Колку отповикувањето на помилувањето го расчисти патот за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство?“

„Од 21 барање на СЈО за одредување притвор, активен е само еден домашен притвор. За споредба, статистиката покажува дека речиси и да не постои случај во кој Основниот суд Скопје 1 одбил барање за притвор од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Станува ли неизбежно формирање специјализирано одделение за случаите на СЈО во рамките на Основниот суд Скопје 1? Какво значење има првото појавување пред суд на екс-премиерот Груевски во својство на првоосомничен во случајот со уривањето на објектот „Космос“? Дали серијата критички изјави на претседателката на Врховен суд, Лидија Неделкова, е најава за суштинско менување на работите во судството „одвнатре“? Објавуваме аналитички прилози, а гости во студиото се: Гордана Дувњак, новинарка на „Утрински весник“, која со години ги следи состојбите во судството и д-р Беким Кадриу, универзитетски професор. Завршницата повторно ќе биде во знакот на „Саботажата“.

 

Слични содржини