(ВИДЕО) Гошев: 237.000 луѓе од Македонија се иселиле за десет години

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Поранешниот гувернер Петар Гошев на дебатата „Овој дом би си заминал од Македонија засекогаш“ посочи дека луѓето бегаат од Македонија поради неправдата, нееднаквоста и сиромаштијата и дека само во последните десет години и само во Европа од Македонија се иселиле 237.000 луѓе, јави А1 он.

Гошев вели дека е индикативно тоа што податоците за иселени луѓе не се совпаѓаат со Избирачкиот список.

-Подеднавкако се движи растот на население во 1992 година и во 2013 година, каде нема никаква разлика, односно има нешто над два милиони жители. Во 1992 година имало 2.022, 000 жители, а во 2013 година 2.065.000 жители. Една третина до една четвртина се под 18 години, така што полнолетни во Македонија има не повеќе од 1,5 до 1,6 милиони гласачи. Во избирачките списоци на МВР има околу 1,8 милиони избирачи. Фалат 200.000 луѓе и таа бројка ја знае единствено МВР и никој друг – рече Гошев.

Сиромаштијата во Македонија е 19 проценти во периодот 2002 -2012 година, вели Гошев и предупредува дека во Европа нема таква висока стапка на сиромаштија.

– Албанија има помала сиромаштија од нас, Црна Гора е 6 проценти, а слушаме дека сме лидер во Европа – истакна поранешниот гувернер.