Демонстрантите извикуваат #НемаПравдаНемаМир и се движат кон седиштето на Град Скопје pic.twitter.com/z2xRNbhyPs
— META.mk (@meta_agency) April 20, 2016
Илјадниците граѓани вечерва од плоштадот Македонија се упатија кон собранието на Град Скопје. Граѓаните фрлаа боја и кон бараките на градското собрание. Притоа ја пееја и песната: Градот убав пак ќе никне.
И бараките на Град Скопје добија боја. Демонстрантите пет Градот убав пак ќе никне #Протестирам #ШаренатаРеволуција pic.twitter.com/Amy9tGbJUH
— META.mk (@meta_agency) April 20, 2016
Барањата на „Протестирам“ се проширија по поканата до четирите партии за преговори во Виена.
Од движењето веќе се изјаснија дека за нив овие преговори се неприфатливи и бараат итно повлекување одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Бараат итна и неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, да се формира специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО.