(ВИДЕО) Граѓаните извикуваат: „Никола на робија!!

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Демонстрантите се пред зградата на Владата на РМ. Оставаат пораки и извикуваат „Никола на робија. Претходно, фрлаа боја и јаца врз зградата на Министерството за култура, а  во фонтаната на споменикот Воин на коњ, на плоштадот Македонија, фрлија прашок во водата, со цел да ја дезинфицираат од перењето пари

pario1

Инаку, денешниот масовен протест е посветен на „криминалниот проект Скопје 2014“.

Насобраните граѓани, пред Парламентото ги повторија своите барања и потсетија зошто протестираат додавајќи дека нема да престанат се додека не се исполнат нивните барања. 13020389_10154081104019804_625380260_n Покрај добро познатите барања за оставка на претседателот Иванов и повлекување на одлуката за аболиција на 56 политичари, и формирање на техничка влада која што ќе ги спроведе препораките на Прибе за фер и демократски избори, демонстрантите побараа и формирање на Специјален суд за процесуирање на обвиненијата на СЈО.

Активистите и граѓаните порачаа дека во овие услови, преговори не доаѓаат во предвид, а доколку евентуално се случат, во нив мора да учествуваат и претставници на граѓанскиот сектор.

– Не се жали Николај што ти ги чкртнале стиропорите, сега имаат поголема уметничка вредност. Кога ќе победиме за некој месец, година, ќе го излупиме „Скопје 2014“ и ќе ви го дадеме стиропорот во Идризово за да не ви биде досадно – рекоа активистите пред Собранието и побараа аплауз за полицајците, за кои рекоа дека секој ден ги носат од јужната граница./

извор Мета