Граѓаните, кои вечерва мирно протестираат во Скопје, извикуваат „Пуштете го народот“, „Долу диктатура“, „Слобода“.Тие ја повикуваат полицијата да се тргне и да им дозволи слободно да се движат.
Ја повикуваат полицијата да се тргне и да им дозволи слободно да се движат #Протесрирам #П pic.twitter.com/9tAFdTmimL
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Инаку, полициски кордон ги спречи демонстрантите да стигнат до ЕУ-инфо центарот.
Граѓаните извикуваат „Пуштете го народот“, „Долу диктатура“, „Слобода“ #Протестирам #П pic.twitter.com/dzTdaHbn9K
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Демонстрантите се запрени кај зградата на Нова Македонија. Колоната е долга до Влада, а целиот булевар свети Климент Охридски е пол со народ. Се преговара за дозвола да се приближат до седиштето на ДИК.
Демонстрантите, по повикот на Стојанче Ангелов на кратко се судрија со полицијата #Протестирам #П pic.twitter.com/9Xg8kORv9q
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Граѓаните имаа намера да одат кин седиштето на ЕУ во Скопје, како опомена и протест во пресрет на преговорите во Виена.
Претходно граѓаните пред Владата, бараа оставка од Ѓорге Иванов и комплетната Влада./извори а1он и Мета
