Со извици на „Нема правда, нема мир“ и свирежи започна протестниот марш во Скопје. Граѓаните се упатија кон Собранието на Република Македонија.
Демонстрантите традиционано протестот го почнаа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.Со себе носат транспаренти на кои пишува „Грујо отчет пред судот“. Граѓаните веќе 14 ти ден протестираат по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници.
Граѓаните се движат кон Собранието #Протестирам #П #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/fCI6XMl8Jg
— META.mk (@meta_agency) April 27, 2016
Движењето Протестирам најави дека протестите денеска продолжуваат во рекорден број градови – девет, ширум Македонија. Освен во Скопје, за вечерва најавени се протести и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.
Извици на „Нема правда, нема мир“ и свирежи на почетокот на протестниот марш #Протестирам #п #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/5kYf8Bkmy6
— META.mk (@meta_agency) April 27, 2016
-Македонија е на нозе, се гледаме на улиците! – порачаа од граѓанската платформа „Протестирам”.
