(ВИДЕО) Граѓаните се пред Владата на РМ – бараат оставка од претседателот Иванов и од Владата

од Vladimir Zorba
88 прегледи

SEDNATI

Полицијата ја затвори Илинденска со претпоставка да се попречи ширење на протестот, односно демонстрантите да продолжат кон Министерствотоа за култура, врз кое вчера беше фрлено боја. Некои од демонстрантите седнаа на улица, пред полицијата.

Во меѓу време, ечеше песната: Никола, Никола, нешто грозно ти се случува, што е тоа знае фикусот, фикусот те помилува.

Демонстрантите на денешниот граѓански протест кој во 18 часот почна пред СЈО, фрлаа тврди предмети и ќесиња полни со боја врз зградата на Министерството за правда и извикуваа „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“.

13035557_515074882010179_546237355_o (1)
Еден од демонстрантите остави ливчиња пред секој од полицајците, кои што ја чуваат зградата на Министерството за правда, на кое се испишани 10 прашања за секој полицаец, меѓу кои: „Дали в џеб имате значка или книшка“, „Од кога ви немаат купено нови кондури“, „Зошто не сте дел од народот“ и „Кого штитите?“.

13054960_515074535343547_390205360_o
Исто така, демонстрантите им залепија самолепливи срценца на штитовите на полицајците.
Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Крвта под нозете на Аце ја исчистивте. Ќе можете ли таа од вашите раце“ и „Опасно е да си во право кога државата греши“.
Атмосферата засега е мирна, без поголеми инциденти/ извори а1он и Мета

13035680_10208890012269318_391781077_o